Еко-акција „Цветна работилница“
|
По повод 21 март, Денот на екологија и Денот на пролетта, на 19.03.2015 година се организираше „Цветна работилница“. На работилницата учествуваат ученици од II-IX одделение заедно со нивните родители. Одговорни за организација и реализација на работилницата беа одделенскиот наставник Александра Камческа и училишниот психолог Александра Камческа Белчовска. За време на работилницата учениците и родителите изработила различни цветни украси кои беа изработени од најразновиден рециклиран материјал. Целта на работилницата беше зајакнување на соработката помеѓу ученици, родителите и наставниците како и подигање на свеста за употреба на рециклиран материјал за дизајнирање на цветни украси.
|