Еко-акција „Македонија земја на розите“
|
Во рамки на Националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето – Земја на розата“, која ја координира Министерството за животна средина и просторно планирање денеска на 21.3.2014 година – Денот на пролетта беше реализирана продажна изложба на цветни креации направени од учениците од I до VIII одделение. Учениците заедно со своите класни раководители изработија различни видови на цветни креации од најразновиден еко-материјал. Со собраните средства ќе бидат купени рози кои ќе бидат посадени во училишниот двор идната седмица.
Покрај продажната изложба во училиштето беше реализирано и разубабување на ходниците и училниците. Учениците од еко-секцијата под менторство на наставничката Светлана Петрова изработија украси од хартија и пластична амбалажа и засадија саксиски цвеќиња во холовите на училиштето. |