Еко-акција „Македонија без отпад“
|
На 18.10.2014 година во нашето училиште беше спроведена и реализирана еко акција за чистење на училишниот двор. Акцијата беше дел од националната акција “Македонија без отпад” и имаше за цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во дворот и да се подигане на еколошката свест кај учениците и вработените во училиштето.
Учениците земаа активно учество во оваа акција и уште еднаш ја демонстрираа личната одговорност за зачувување на животната средина. Во акцијата беа вклучени учениците од еко секцијата од V-IX одделение под менторство на наставниците Љубица Ружинска и Билјана Наумоска. |